Премиерот Христијан Мицкоски денеска го посети РЕК Битола, каде што разговараше со раководните тимови на комбинатот и на АД ЕСМ за состојбата во домашното производство на електрична енергија.
На состанокот биле разгледани тековното работење на енергетските капацитети, предизвиците со кои се соочува системот и плановите за негово унапредување.
Мицкоски преку социјалните мрежи ја нагласи важноста на координираното работење на институциите и вработените за одржување стабилно производство на електрична енергија.