Во рекордно време, за неполни пет часа, собрани се 10 000 граѓански потписи за поддршка на кандидатурата за втор мандат на претседателот Стево Пендаровски.

Собирањето на потписите започна денеска, 3 март во 08.00 часот на територијата на целата држава и за неполни пет часа се собрани 10 000 потписи од граѓаните кои се потребни за поддршка на кандидатурата за претседател.

Им благодариме на сите граѓани кои ја дадоа својата поддршка.

Продолжуваме со собирањето на потписи и во наредните часови и денови.