Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити забележаа раст од 11,0%, поради повисоките депозити на двата сектора, со поголем придонес на депозитите на секторот „домаќинства“.

На годишна основа, вкупните кредити бележат раст од 9,7% како резултат на зголеменото кредитирање на двата сектора, со поголем придонес кон растот на кредитите на корпоративниот сектор.