Како што информира полицијата вчера во 11.35 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека во куќа во Гевгелија била пронајдена почината жена на возраст од 36 години од Скопје, која престојувала во Гевгелија.

Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било предадено на обдукција.