Вчера напладне во Полициската станица Гази Баба, 54-годишен скопјанец пријавил дека на 09.12.2022 на подрачје на Гази Баба неговата 82-годишна мајка била измамена од едно лице за сума 200.000 денари, информирше полицијата.

Како што соопшти полицијата според пријавеното, лицето лажно и се претставило дека и е близок роднина и ѝ побарало пари. Како што е пријавено, таа му ги дала парите, но набргу потоа сфатила дека е измамена.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ова е уште една од низата измами во кои измамници користат постари лица.