Соопштение на ВМРО ДПМНЕ:
Не не чудат лицемерието и двојните аршини на СДС, кои со настаните во Гостивар повторно излегоа на површина.
СДС недела дена креира хаос во јавниот медиумски простор, со цел креирање заблуда кај граѓаните за надлежностите и вистинските одговорни лица за загадената вода во општина Гостивар.
Водоводните системи и контролата на квалитет на водата за пиење е под надлежност на локалната власт и тоа СДС многу добро го знаат.
Затоа ги прашуваме, како на СДС до сега не им текна да бараат оставка и кривична одговорност за случувањата во Гостивар од градоначалникот Валбон Лимани, како најповикан и најодговорен за целата ситуација.
Или пак, двојните аршини повторно стапија на сила кога се работи за нивни кадри, лица блиски до СДС или пак поддржани лично од претседателот на партијата, Венко Филипче.
Затоа што, Филипче на последните локални избори силно го поддржаа и ги повика, и така малку останати членови и симпатизери, на СДС да го поддржат Лимани, за на тој начин да станат дел од локалната власт.
Или сега дојде тешкото, па СДС се прават како да имаат амнезија.
Ако сакаат СДС да повикаат на одговорност за Гостивар, ги упатуваме одговорноста да ја лоцираат онаму каде што се наоѓа, а тоа е во нивните редови и во луѓето кои силно ги поддржаа.