Обединетото Кралство и Европската Унија ги усогласиле преостанатите детали од договорот за трговија со храна, животни и растенија, објави денеска „Гардијан“. Договорот предвидува укинување на голем дел од сертификатите и проверките воведени по Брегзит.
Предвиденото олеснување се темели на усогласување на британските правила со европските санитарни и фитосанитарни стандарди. Помалиот број документи и проверки би ги намалил пречките и за трговците што набавуваат помали пратки.
Пакетот се очекува да биде разгледан на самитот на 20 ноември. Според објавениот распоред, примената се очекува во првиот квартал од 2028 година, по потребните законски чекори во Британија.