Владата денес објави детали за годишните одмори на дел од членовите во периодот од 3 до 12 август.

Владата секојдневно ги извршува сите свои функции, а согласно состојбата со пожарите министрите секојдневно заседаваат и одржуваат седници преку онлајн видео конференциска врска и навремено и непречено ги носат сите потребни одлуки.

Согласно меѓусебна координација, дел од министрите нема да користат денови од годишен одмор во овој период, а со цел да се обезбеди и теренска и канцелариска координација на активностите секогаш и секаде каде што тоа е потребно, соопшти Владата.

Десетина министри и заменици се на терен, а Владата постојано заседава онлајн.

И додека Владата транспарентно објави во врска со годишните одмори на нејзините членови, се отвора прашањето каде е лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ деновиве?