Модерна населба која ќе го заживее градскиот дух, полека се раѓа новиот урбан станбен комплекс кој ќе ја смени сликата на локацијата на поранешната фабрика Треска. Комплексот е предвиден со ниски станбени згради со високо квалитетна архитектура која ќе остави впечатлив белег во околината, уредено зеленило, модерна урбана опрема, внатрешни меѓу блоковски паркови и спортски игралишта. Додека станбените единици распоредени со ниска катност во модерен дизајн, ќе остават впечатлив топол израз на целиот простор.

Меѓу станбените блокови внимателно е испланирано сообраќајното решение со плански подземен паркинг, пешачки патеки и тротоари со модерни канделабри, но и друга урбана опрема што ќе обезбеди непречено пристапување до домовите за новите станари.

Сето ова надополнето со ниско грмушесто и високо стеблесто зеленило ќе го разубави ликот пред самите станбените единици и ќе обезбеди пријатно домување и уживање во секојдневјето.

Покрај планските содржини, пред станбените единици во внатрешноста на блоковите се предвидува уредено ниско и високо стеблесто декоративно зеленило кое ќе му даде свежина и уникатен лик на просторот, пешачки патеки, како и урбана опрема со модерни лед светилки, клупи за одмор и разговори со соседите и канти за отпадоци вклопени со околните елементи.

Овие внатрешни меѓу блоковски делови на комплексот исто така нудат идеални услови за дружење и релаксација, безбедна игра без сообраќај и катчиња за социјализација на децата и жителите. Комплексот е надополнет и со поголем парк и изградба на предучилиштен образовен објект – градинка која ќе ги задоволи капацитетите на новите жители и блиската околина.

За комплексот и неговата модерна инфраструктура зборува и кратката визуелизација која може да ја погледнете подолу.

Новиот современ простор секако нуди нова свежина и претставува комплетно нова слика од некогашната депонија и урнатини од распаднатите бараки на „Треска“ кои беа жаришта на пожари и дувло на бездомници.