„Јас секогаш ќе работам со пациенти и ќе оперирам во операциона сала. Тоа не престанав да го правам како министер и нема да престанам да го правам ниту пак како пратеник.“

Ова го вели Д-р Венко Филипче во видео објавено на неговата Фејсбук страница, во кое наведува зошто се враќа во политиката и како ќе придонесе како пратеник. Филипче е носител на листата на кандидати за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Изборната единица 4.

„Предноста е што како пратеник, ќе можам да помогнам на многу поголем број на пациенти и мои колеги здравствени работници“, вели Филипче во видеото.

Според него, еден човек сам, може да помогне само на одреден број на луѓе, а како пратеник преку креирање на закони, реформи и унапредување на здравствениот систем може да се помогне на многу поголем број на пациенти и целта на еден доктор да добие национални димензии.

„А јас секогаш со истата жар ќе работам со пациентите и таму каде што му е местото на докторот во операциона сала“, додава Филипче.

Линк до видео:

https://www.facebook.com/reel/412401158215636