Вечерва хеликоптер го надлетуваше Скопје, при што граѓаните беа радознали да дознаат за што се работи.

Всушност се работи за полициски хеликоптер кој вечерва по 20 часот го надлетува Скопје, Гостивар и Тетово.

За тоа која е причината за надлетувањето на Скопје во вечерниве часови од полицискиот хеликоптер од МВР за ТВ21 велат дека станува збор за тренажен стандарден лет кој често го спроведува полицијата.