Денес во попладневните часови претежно во северните и источните делови, а за време на викендов и во почетокот на следната седмица на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град.