Европските берзански индекси денеска се во пораст, а истовремено е забележан пад на цената на нафтата и скок на цената на златото.

Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 10:15 часот порасна на 15.974,75 поени, исто како и лондонскиот FTSE 100 на 7.495,53 поени, францускиот CAC 40 на 7.268,79 поени, а московскиот MOEX на 3.231 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс падна на 35.088,29 поени пред денешното отворање на берзата во САД, како и вредноста на индексот S&P 500 на 4.538,19 поени и вредноста на индексот Nasdaq на 14.199,98 поени.

Според податоците на берзата, цената на суровата нафта падна на 77,665 долари за барел, како и цената на нафтата од типот брент на 82,282 долари.

Извор: BiznisPRO.com