Цената на гасот на европската берза ТТФ падна за повеќе од 50 отсто во 2023 година, на околу 34 евра за мегават-час, покажуваат податоците објавени на берзата ICE.

Аналитичарите на агенцијата Capital Economics предвидуваат дека цените на бензинот во Европа во блиска иднина би можеле да паднат уште пониско, поради намалената побарувачка и големиот обем на залихи, пишува „Волстрит журнал“.

Капитал економикс очекува гасот во Европа да се продава по цена од 32 евра за мегават-час на крајот на 2024 година.

Здружението на оператори со гасна инфраструктура на Европа (GIE) објави дека исполнетоста на европските гасни капацитети на 24 декември изнесува 87,1 отсто, објавија медиумите. Полнењето на германските складишта за гас е 90,5 отсто, францускиот 84,5 отсто и италијанскиот 83,5 отсто.

Извор: BiznisPRO.com