Европскиот парламент усвои нови правила со кои се предвидува целосно враќање на средствата за авионски билети купени преку туристички агенции или онлајн платформи, доколку летот биде откажан. Предлогот опфаќа и враќање на надоместоците што ги наплаќаат посредниците.
Целта е да се подобри заштитата на патниците и да се отстранат нејаснотиите околу тоа кој е одговорен за повратот на парите. Сепак, постапката не е целосно завршена: за новите правила да станат конечни, потребен е и понатамошен чекор од Советот на ЕУ
