Пролетта не инспирира да сакаме и да се заљубуваме, а астролозите тврдат дека три знаци од Зодијакот ќе доживеат вистинска љубов во мај.

Во продолжение дознајте за кои знаци станува збор.

Рак

Раковите се најголемите емотивци на Зодијакот. Меѓутоа, многупати биле разочарани во љубовта, па околу себе си граделе ѕидови. Време е да го соблечете штитот и да се препуштите на привлечноста на животот. Преку дружење ќе се создаде можност за нови познанства. Еден ќе биде особено значаен и ќе ги истресе Раковите од корен. Ќе чувствуваат „пеперутки“ кои не ги почувствувале долго.

Лав

Лавовите се разбудиле со пролетта, па ќе флертуваат на секој чекор. Овој огнен знак тешко може да се спаси од обожавателите, особено сега кога зрачи со необичен сјај.

Потребна им е личност покрај која ќе се чувствуваат слободни да се покажат во вистинско светло. На Лавовите нема да им недостига романса во мај, а една личност ќе им го промени животот. Тоа ќе биде судбинска љубов која може да биде крунисана со брак.

Скорпија

Скорпиите во мај ќе пленат со мистерија и мистицизам. Пред навистина да се заљубат, ќе мора да откријат што е навистина важно за нив. А кога тоа ќе се случи, тие нема да знаат што им се случило.

Кога ќе се впуштат во нова љубовна приказна, ќе бидат маѓепсани од новиот партнер и ќе полетаат од среќата и љубовта.