Момче (14) пукало во училиштето во Врачар „Владислав Рибникар“ и во таа прилика убил осум деца, обезбедување и наставник, јавуваат медиумите. Сè уште нема потврда.

Момчето упаднало на час по историја и почнало да пука во учениците. Едно дете е веќе на операционата маса. Има повреди на главата и е опасно по живот.

Другите две деца кои се примени во Тиршова се со прострелни рани и се на интензивна нега.

Момчето е уапсено.