Поранешниот американски претседател Доналд Трамп преку соопштение се огласи за ракетниот напад врз Тел Авив.

Според него, слабоста на претседателот Џо Бајден е причината за ексалацијата на насилството меѓу Израел и Хамас.

-Кога бев во Белата куќа, бевме познати како претседателство кое се залага за мир, зашто противниците на Израел знаеја дека САД силно стои позади Израел и оти ќе дојде до брза одмазда ако биде нападнат. Под Бајден светот станува понасилен и понестабилен бидејќи слабоста на Бајден и недостатокот на поддршка за Израел доведе до нови напади на нашите сојузници, вели Трамп.