Како што соопшти полицијата вчера попладне било пријавено дека на магистралниот пат Прилеп-Росоман, кај место викано „Карпачов камен“ на Плетвар, се случила тешка и фатална сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.М. од селото Арачиново, скопско и мотоцикл „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од Д.Н.(28) од Прилеп, велат од МВР.

ОД таму наведуваат дека во фаталната сообраќајка од здобиените повреди мотоциклистот Д.Н. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, додава полицијата и информира дека вид на местото извршила екипа од ОВР Прилеп, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, се додава во соопштението.