Како што објави македонската полиција вчера попладне околу 15.20 часот во Полициската станица Делчево било пријавено дека на локалниот пат Македонска Каменица – селото Цера, кај место викано „Ајдарска маала“, А.С.(28) од Македонска Каменица, управувајќи мотоцикл со регистарски ознаки од Македонска Каменица, изгубил контрола и со мотоциклот излетал надвор од патот, соопшти полицијата.

Во тешката несреќа момчето починало на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, вели полицијата.

– Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Делчево. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција, јави МВР.