Вчера во 08.30 часот, полицијата информира дека во ПС Аеродром било пријавено дека на објект во изградба на улицата „Фрањо Клуз“ во Скопје починал еден работник.

Според полицијата службеници од полициската станица излегле на местото и било констатирано дека И.П.(55) од Република Турција паднал додека извршувал градежни работи на објектот, по што починал на местото, велат од мвр.

Од мвр уште информираат дека лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.