Убавото време ќе потрае само до крајот на оваа работна недела. Температурите кои во текот на денот во некои места ќе надминуваат и 25 степени нема да ги имаме за време на викендот. Веќе од сабота метеоролозите најавуваат значително намалување на температурите и врнежи од дожд.

Максималната температура за викендот нема да надмине 15 степени. И во сабота и во недела се најавуваат интензивни врнежи од дожд кои на некои места ќе бидат и пообилни.

Со почетокот на наредната недела практично можеме и да заборавиме на сончевото време. Ќе доминираат облаци а утринските температури ќе се доближуваат до нула степени додека максималните дневни нема да бидат над 13 степени.