На 23.10.2026 во 16:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Ферид Бајрам“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од 60-годишник од Скопје и велосипед управуван од 75-годишник од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, додека со телесни повреди 60-годишниот возач на мопедот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ и Јавна здравствена установа „Свети Наум Охридски“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.