На 25.10.2026 во 00:15 часот во ОВР Валандово било пријавено дека на регионален пат во с. Марвинци, валандовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со валандовски регистарски ознаки, управувано од 26-годишник од с. Брајковци, валандовско, и мотоцикл „кавасаки“ со валандовски регистарски ознаки, управуван од 57-годишник од с. Марвинци.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 57-годишниот мотоциклист, констатирани во Општа болница Гевгелија.

Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Валандово, при што било констатирано дека 26-годишниот возач на патничкото возило „мерцедес“ бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,45 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.