МВР извести дека вчера околу 18 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Ѓавато-Тополчани, кај „Ротинска крстосница“, се случила тешка сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл, управуван од Х.Ш.(29) од с.Црнобуки, битолско и патничко возило „рено“, управувано од Д.Н.(53) од с.Цапари, битолско.

Според полицијата и двете возила биле со битолски регистарски ознаки.

СВР битола извести дека во несреќата мотоциклистот Х.Ш. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.