На 24.10.2026 во ОВР Прилеп било пријавено дека околу 15:10 часот во место викано „Рибник“, во атар на с. Сенокос, прилепско, 46-годишна жена од с. Сенокос се здобила со тешки телесни повреди додека вршела земјоделски работи во нива.
Според пријавеното, таа и нејзиниот сопруг ги собирале цревата од системот капка по капка со помош на самоизработен механизам приклучен на трактор, при што во еден момент била повлечена од механизмот и се здобила со повредите.
Таа била пренесена во болницата во Прилеп за укажување помош, а увид на местото извршила екипа од ОВР Прилеп.
Се работи на расчистување на случајот.