Социјалдемократите пред почетокот на седницата на централниот одбор упатија сочувство до семејството, роднините, пријателите за трагично починатата Татјана Петрова, наша сопартијка и докажана активистка, секретар на ОО СДСМ Неготино која денеска го загуби животот во сообраќајна несреќа.

Пред почеток на седницата на Централниот одбор беше оддадена почит и изразено сочувство со едноминутно молчење, соопштија од владејачката партија.