„За се што отвориле тема ВМРО-ДПМНЕ во иднина им се покажало дека не е точно, кажаа дека ќе има бегалски кампови, дека ќе има бугаризација и асимилација, креираа негативност во општеството за да имаме една вистина која кружи неколку дена, еве нека види македонската јавност дека нивната кандидатка за претседател на држава се слика со најголемиот негатор на македонскиот јазик иидентитет, Андреј Ковачев кој што ние како држава му забранивме да влезе воземјата. Тој е човекот кој го нападна АСНОМ, дека е столб на натибугарство. Тој вика и дека браќата Миладинови не напишаа Зборник туку бугарски народни песни. Сега нивната кандидатка се слика со човекот кој е негатор на македонскиот јазик и идентитет, еден од најголемите непријатели на нашата држава. Тоа е лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ, “ рече пратеникот од СДСМ, Миле Талевски, во емисијата Клик Плус на ТВ 21.