На 29.04.2024 во 17.40 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот „Пријателство“, во насока кон Куманово, атар на с.Романовце, кумановско, патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Г.Г.(35) од Велес, удрило во патничко возило „ланд ровер“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од М.Џ.(33) од Скопје, кое пак по инерција удрило во товарно возило „ивеко“ и приколка со битолски регистарски ознаки, паркирано од Т.П.(47) од Прилеп, соопшти МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Џ., констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.