Вкупните инвестиции на „Акио Енерџи“ на крајот од 2021 година изнесувале 2,8 милијарди евра, додека во моментов градат сличен проект од 380 MW во Португалија. „Акио Енерџи“ е една од првите компании во Франција која го развила и применила концептот на агриволтаици, и успешно го применува на разни проекти во Франција и во останатите делови од светот. Таа е компанија која што има спроведено повеќе од 80 финансирани проекти ширум светот и со повеќе од 450 вработени,пишува Градска.мк.

Имајќи во предвид дека Северна Македонија е погодна за развој на земјоделието, токму овој инвеститор преку овој проект, ќе и обезбеди додадена вредност на државата. Со примена на неговото знаење и искуство, ќе се развие првиот проект на агриволтаици, меѓутоа ќе биде пример за развој и на останати вакви проекти, кои треба да обезбедат и одржливо производство на електрична енергија но и храна и развој на земјоделските култури. Ова е предизвикот на новото време, и токму овој проект обезбедува сигурна иднина на новите генерации.
Стратешкиот инвеститор има обезбедено банкарска гаранција во износ од 8.100.000 евра како обезбедување за реализацијата на стратешкиот инвестиционен проект, а во согласност со Законот за стратешки инвестиции.

Амбасадорот на Република Франција во земјата Сирил Бомгартнер за Градска.мк, вели дека стратешката инвестиција на „Акио Енерџи“, со подршка на македонските политики за поттикнување на странските инвестиции, е потврда за посветеноста на највисоко владино ниво..
Законот за стратешки инвестиции беше изгласан пред пет години, а на последниот повик што се затвори на 31 јануари 2023 година имаше над 16 различни апликации од кои осум имаат потенцијал да добијат статус на стратешки инвеститор. Седум од стратешките инвеститори се од областа на енергетиката, а еден од областа на туризмот кој е заинтересиран за инвестиции во скијачкиот центар Попова Шапка. Сите четири потенцијални стратешки инвеститори веќе имаат доставено банкарска гаранција, а според бизнис плановите кои ги имаат доставено, вкупно ќе инвестираат 786 милиони евра.