На 18.11.2026 околу 08:00 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека на регионален пат Куманово – Свети Николе, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 21-годишна жена од с. Љубодраг, кумановско, излетало од коловозот и се превртело.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила возачката, констатирани во Општа болница Куманово. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Свети Николе.