СВР Тетово поднесе кривична пријава против две лица на возраст од по 78 години од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „фалсификување исправа“ и „измама“.
Првопријавениот, извршил преправање на договор за купопродажба на стан со менување на податоците за купувачот од лицето на возраст од 78 години и додавање потпис, додека второпријавената искористила копија од преправениот договор, ја заверила кај нотар, по што станот бил запишан на име на првопријавениот.