„Корупцијата ја демаскиравме, отвораме истраги, бараме одговорност од сторителите, бесправно стекнатото го враќаме на граѓаните,“ пишува во објавата на ФБ, Оливер Спасовски.

Спасовски ја наведува борбата против корупцијата и нула толеранција кон истата, како еден од приоритетите на СДСМ во наредниот период.

„Борбата ја започнавме. И тоа од нашите редови! СДСМ го покажа она што не можеше ни да се замисли во време на режимот – дека нема повластени личности, нема заштитени криминалци, нема недопирливи фамилии… Покажавме дека тој што се огрешил мора да одговара. Корупцијата не е поголема од претходно, напротив! Поголема е перцепцијата за неа, бидејќи пожестока е борбата против неа,“ стои во објавата на ФБ.

Тој посочува дека доказ за посветената работа во борбата со корупцијата е скокот од 85 на 76 место на Индексот на перцепција на корупцијата на Transparency International.