Кога се сомневаме дека партнерот не изневерува, постојат различни начини на кои можеме да ги потврдиме нашите сомнежи пред да го соочиме со доказите што ги имаме.

Сомнителниот сопруг Џон Консиљо решил да користи дрон и да ја открие вистината за својот брак, колку и да е тешко.

На видеото што го снимил пред неколку години, прво се гледа неговата сопруга како оди по нивната улица, но на она што требало да и биде вообичаен начин на работа, таа свртува на друга улица и доаѓа на паркинг.

Потоа се гледа како автомобил навлегува на паркингот, застанува и сопругата на Џон влегува во него. Џон ги потврдил своите сомнежи кога забележал дека неговата сопруга пред да влезе во автомобилот се наведнува од прозорецот на автомобилот и романтично се поздравува со непознат маж.

– Треба да изгледаш убаво за маж со кој ќе ја изневериш сопругата – рекол бесниот Џон во видеото, коментирајќи дека неговата сопруга си ја поправа косата за да изгледа подобро.

– Знам дека не можам да го обвинам само човекот, но во тој момент бев подготвен да го убијам. Чекав неколку дена да се смирам, а потоа станав очаен. Најмногу сум загрижен за моите деца – изјави тој.

Сомнежите за неверството на жената ги покренал еден познаник на Џон и му предложил да се обиде да ја открие вистината со дрон, а по болното сознание Консиљо поднел барање за развод. Двојката има две деца.