На 16.11.2026 во 16:50 часот во месноста „Копрница“, атар на селото Мешеишта, општина Дебрца, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 38-годишен жител и едно 16-годишно момче, двајцата од селото Мешеишта.

При извршени контроли, полициските службеници ги затекнаа двете лица како со моторна пила вршат бесправна сеча на дрва и ги товарат во патнички возила „опел фронтера“ и „сангјонг“, двете без регистарски таблички. Бесправно исеченото огревно дрво и двете возила се одземени и предадени на Шумската полиција за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.