Ноќеска (15.11.2026) во 01:30 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 36-годишен жител на село Ораовица, радовишко. При контрола на патниот сообраќај, полициски службеници запреле патничко возило „ауди“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од 36-годишниот жител на Ораовица и од извршеното мерење со дрегер било утврдено дека тој возилото го управува со 2,10 промили алкохол во крвта. Лицето е задржано во Полициската станица Радовиш, запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а – „безобѕирно управување со моторно возило“.