Сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во планинските подрачја ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд. UV=8

Во Скопје сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

До петок ќе преовладува претежно стабилно и топло време, освен во планинските подрачја каде ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд. За време на викендот се очекува на места да биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневните температури од недела ќе бидат во опаѓање.