Според последните извештаи, Венецуела била погодена од два силни земјотреси со магнитуда 7,2 и 7,5, регистрирани во многу краток временски период, западно од Каракас.

Првите информации говорат за бројка од триесетина загинати, а околу 700 биле повредени, додека властите предупредуваат дека бројките ќе се зголемуваат бидејќи спасувачките операции продолжуваат.

Властите прогласија вонредна состојба, а меѓународниот аеродром „Симон Боливар“ во Каракас бил затворен поради штети.

За кратко време на територијата на Венецуела биле пријавени најмалку 20 последователни потреси, а USGS издал „црвен аларм“ за можни големи последици.