На 16.11.2026 во 16:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Јустинијан Први“ во Скопје, патничко возило „шкода“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 44-годишен жител на Крушево, удрило во 78-годишен жител на с. Студеничани, скопско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.