На 11.12.2022 во 01.30 часот во Прилеп од полициски службеници од Полициска станица Прилеп лишен од слобода е Д.Ј.(33) од Прилеп затоа што физички нападнал полициски службеник кој вршел службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 11.12.2022 во 02.05 часот во Полициска станица Виница К.С.(22) од с.Јакимово, виничко пријавил дека околу 01.55 часот пред угостителски објект во Виница бил физички нападнат од Д.М. од Виница. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 10.12.2022 во 13.30 часот во СВР Струмица В.А.(30) од Струмица пријавил дека околу 13.00 часот додека бил на работно место во угостителски објект во Струмица бил физички нападнат од Т.П. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 10.12.2022 во 23,38 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница на подрачје на Бит Пазар во Скопје едно лице со закана кон вработениот, одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 10.12.2022 во 23,10 часот во Куманово од полициски службеници од СВР Куманово лишени од слобода се М.Ф.(37) и М.Ф.(25) двајцата од с.Сопот затоа што според пријавеното во Куманово околу 20,00 часот пријавените заедно со уште едно лице по претходна расправија физички ги нападнале со тврди предмети М.Л.(25), Ф.А. двајцата од Куманово и С.А. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 09.12.2022 во 15.10 часот во Полициска станица Битола Б.М.(63) од с.Меџитлија, битолско пријавил дека во градскиот пазар во Битола по претходна расправија бил физички нападнат од С.Љ.(66) од с.Меџитлија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 10.12.2022 во 14.40 часот во Полициско одделение Петровец С.К.(24) од с. Катланово, скопско пријавил дека во 14.30 часот во неговото дворно место во с. Катланово поради меѓусебно недоразбирање бил физички нападнат од М.А., Ш.А. и А.А. сите од с. Катланово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 11.12.2022 во 01.30 часот во Полициска станица Радовиш Н.В.(21) од с.Раклиш, радовишко, пријавила дека околу 01.00 часот во и надвор од угостителски објект во Радовиш била физички нападната од женско лице А.И. од Радовиш. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 10.12.2022 во 13.35 часот на стадион во Тетово од полициски службеници од СВР Тетово лишен од слобода е 17 годишен малолетник од Тетово затоа што според пријавеното околу 13.30 часот на фудбалски натпревар во Тетово спречувал службено лице во вршење службено дејствие. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 10.12.2022 во 15.00 часот во фабрика во с.Сараќино, тетовско од полициски службеници СВР Тетово е лишен од слобода С.Д.(25) од с.Милетино кој според пријавеното физички ја нападнал Е.А.(30) женско лице од с.Требош. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 10.12.2022 во 09.05 часот во Полициско одделение Маврово Н.Т.(53) од Струга пријавил дека околу 09.00 часот додека извршувал градежни работи во с.Маврово во објект сопственост на Р.С., по претходна расправија бил физички нападнат од К.С.(34) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.