На 25.12.2022 во 03.30 часот К.К.(30) од Скопје пријавил дека околу 01.00 часот пред трговски центар на подрачјето на Центар бил физички нападнат од Д.Ч.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 25.12.2022 во 04.00 часот А.Л.(22) од Скопје пријавил дека околу 02.00 часот во угостителски објект на подрачјето на Карпош бил нападнат со стаклен предмет од К.И. (женско лице). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 24.12.2022 во 19.40 часот било пријавено дека во Скопје во населбата Ќерамидница бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу Ф.С.(33), од една страна, и Б.И.(51) и Р.И.(55), од друга страна, сите од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 24.12.2022 во 15.30 часот Б.Б.(34) од Кавадарци пријавил дека околу 14.00 часот во Кавадарци неговиот малолетен син бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 24.12.2022 во 20.10 часот В.К.(31) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Аеродром бил физички нападнат од неговиот сосед С.П.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 24.12.2022 во 22.30 часот Т.Б.(22) од Скопје, пријавила дека на подрачјето на Центар нејзиниот малолетен брат бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.