На 05.12.2022 во 16.00 часот во с.Кондово, скопско, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Ѓорче Петров го лишиле од слобода С.Ф.(21) од с.Кондово. За него била распишана потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од пет години за сторено кривично дело „разбојничка кражба“ по член 238 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

На 05.12.2022 во 21.15 часот на ул.„Борка Талевски“ во Скопје, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Ѓорче Петров го лишиле од слобода К.П.(30) од Скопје. Тој бил баран со потерница издадена врз основа на наредба од Основен кривичен суд за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.

На 05.12.2022 на ул.„Орде Тутески“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода К.Ш.(29) од Прилеп. Тој бил фатен веднаш по извршување „тешка кражба“ од возило „опел астра“, сопственост на Г.М.(46) од Прилеп, паркирано на ул.„Илија Василески“, при што одзел повеќе предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било приведено во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 05.12.2022 во 15.20 часот во шума во атар на гостиварско Врањовце, полициски службеници од Полициското одделение – Галате го лишиле од слобода лицето И.Р.(41) од с.Врањовце. Околу 15.20 часот на земјен пат на место викано „Црквиште“, тој бил затекнат како врши бесправна сеча на дрва. Исто така, биле пронајдени и 18 исечени стебла од дрво, кои биле предадени на Шумска полиција за понатамошна постапка. Лицето било задржано во Полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 05.12.2022 во 13.00 часот во кругот на средно училиште на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Б.(18) од тетовско село, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Лицето било задржано во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следи соодветен поднесок.

На 05.12.2022 во 20.20 часот во Парк шума Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода В.С.(24) и Х.С.(26), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 05.12.2022 во 17.45 часот во кругот на средно училиште на улица „Браќа Миладинови“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода малолетник од тетовско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Во присуство на родител тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следи соодветен поднесок.

На 05.12.2022 во 22.50 часот во тетовско Горно Палчиште, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го лишиле од слобода А.А.(25) од тетовско Јеловјане, затоа што кај него била пронaјдена и одземена марихуана. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 05.12.2022 во 10.40 часот на ул.„Панче Попоски“ во Гостивар, полициски службеници од СВР Тетово – ОВР Гостивар го привеле Е.У.(38) од Гостивар. За него била издадена судска наредба за издржување казна затвор. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

На 05.12.2022 во 18.20 часот на Граничниот премин „Ќафасан“, полициски службеници го лишиле од слобода М.А.(31) од Република Албанија, затоа што при извршени проверки во оперативна евиденција било констатирано дека се наоѓа на стоп листа со мерка „апси“, по меѓународна потерница од Интерпол Германија. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Струга за понатамошна постапка.