На 29.10.2026 во 04:10 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес лишија од слобода 25-годишен жител на Велес.
Тој се сомничи дека од работилница во Велес одзел алати, а од домот на 28-годишен велешанец со употреба на сила одзел разни предмети.
Дел од одземеното било пронајдено и ќе биде вратено на сопствениците.
25-годишникот бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.