На 23.10.2022 во 17.00 часот во село Василево, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Д.К.(32), Е.К.(27) од Струмица и Г.М.(33) од село Раборци, струмичко. При преглед на патничко возило „мерцедес“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.К., во кое сопатници биле Е.К. и Г.М., била пронајдена марихуана. За случајот бил известен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по негово целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 23.10.2022 во 15.40 часот на клучка Идризово, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.Л.(34) од Скопје, затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 23.10.2022 во 11.50 часот во с.Слатино од полициски службеници од СВР Тетово бил лишен од слобода малолетник. Тој се сомничи дека на 19.10.2022, во близина на средно училиште во Тетово, им продал марихуана на тројца малолетници, со што сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 23.10.2022 во 13.50 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.А.(23) од Скопје, затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Денеска (24.10.2022) во 02.00 часот во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода И.Ч.(26) од Тетово, затоа што кај него била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.