На 12.03.2025 во 07.00 часот, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар при ОВР Гостивар го лишиле од слобода лице(36) од Гостивар. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 11.03.2025 во 16.10 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода лице(26) од Куманово. Тој се сомничи дека на 10.03.2025 од тезга на пазар на ул.„Иво Лола Рибар“ во Куманово одзел пари. Л.Ш. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

На 11.03.2025 во 20.15 часот во с.Волково, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода лице(33) од с.Волково, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 11.03.2025 во 17.25 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода лице(25) затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 11.03.2025 во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје, го лишиле од слобода лице(48) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 12.03.2025 во 03.20 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода лице(26) од Велес. Тој при излегување од патничко возило фрлил пакување со бела прашката материја, која била пронајдена и одземена. Мажот бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Денеска (12.03.2025) во 02.20 часот на Граничниот премин Табановце, за влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Г.Г.(22) од Романија затоа што при извршена контрола било констатирано дека приложил фалсификувана швајцарска возачка дозвола. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.