На 01.03.2023 во 19.30 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Н.(25) од Скопје. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени околу 500 грама марихуана и дигитална вага. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 01.03.2023 во 10.00 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Н.П.(34) од Охрид. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и повеќе предмети со остатоци од кокаин. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 01.03.2023 полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.М.(45) од Штип. Тој се сомничи дека на 27.02.2023 и на 28.02.2023 извршил две тешки кражби во два деловни објекта во Велес. Имено, на 27.02.2023 и на 28.02.2023, со употреба на сила и подесен алат тој влегол во два продажни објекта, при што одзел пари и други производи. С.М. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

По преземени мерки и активности, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола расчистија шест тешки кражби во верски објекти и една тешка кражба во обид. Имено, по преземени мерки било утврдено дека В.И.(50) од с.Полаки, кочанско, во периодот од 04.11.2022 до 08.12.2022 со употреба на сила и подесен предмет влегувал во цркви во селата Логоварди, Долно Српци, Црнобуки, Далбеговци, Радобор и Новаци и одзел пари. Тој ги извршил делата додека бил во бегство од Казнено-поправната установа Затвор Куманово, каде издржува казна затвор за други сторени кривични дела „тешка кражба“ во повеќе места во државата. Со него бил извршен службен разговор во Затвор Куманово, при што ги признал делата. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 236 од Кривичниот законик.

На 01.03.2023 во 20.10 часот, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишиле од слобода С.И.(28) од Свети Николе. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени сигнален пиштол и 25 куршуми за огнено оружје калибар 7,65 мм. Тој бил задржан во полициска станица и за настанот бил запознаен Јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.

На 01.03.2023 во 14.20 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција го лишиле од слобода В.М.(28) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 01.03.2023 во 12.45 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Т.(29) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 02.03.2023 во 01.15 часот на граничен премин „Деве Баир“, полициски службеници го лишиле од слобода У.С.(48) од Република Турција, затоа што на увид приложил фалсификуван зелен картон за осигурување за товарното возило „мерцедес“ со полуприколка, со турски национални ознаки, кое го управувал. За случајот бил известен Јавен обвинител, а лицето било предадено на полициски службеници од Полициска станица Крива Паланка за понатамошна постапка.