Денеска (10.01.2023) околу 08.25 часот на улица „Беличица“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, со судска наредба, го привеле 55-годишниот Б.П. од тетовска Волковија за издржување затворска казна. Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

На 09.01.2023 во 23.45 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода В.А.(18) и Ф.Б.(21), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 09.01.2023 во 19.25 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода М.Р.Т.(32) од Скопје, затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 09.01.2023 на ул.„Лавчански пат“ во Битола, полициски службеници од Полициската станица Битола го лишиле од слобода Н.У.(33) од Битола, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.