Денеска (04.12.2022) во 02.35 часот во угостителски објект на Градското шеталиште во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода Е.А.(35) и С.Р.(47), двајцата од Битола, затоа што кај нив била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 03.12.2022 во 22.40 часот на наплатната станица Сопот на автопатот Скопје – Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода В.Ј.(39) и М.Т.(40), двајцата од Гевгелија и Д.П.(35) од Богданци. При преглед кај нив и во патничко возило „фолксваген бора“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал Д.П., а сопатници биле другите две лица, кај В.Ј. била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Денеска (04.12.2022) во 02.15 во угостителски објект на ул.„Партизанска“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Д.Т.(25) од Битола, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 03.12.2022 во 22.30 часот на подрачје на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Д.(39) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 03.12.2022 во 20.00 часот на ул.„Букурешка“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода И.Г.(22) и М.Н.(21), двајцата од Скопје, затоа кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 04.12.2022 во 02.30 часот на бул.„8 Септември“, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода И.К.(26) и З.З.(26), двајцата од Скопје, затоа што во нивна близина била пронајдена и одземена бела прашкаста материја која претходно ја фрлиле. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 03.12.2022 во 21.00 часот на ул.„Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишиле од слобода А.Д.(21) од Гостивар, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.