-Уште еднаш се потврди дека Христијан Мицкоски едно зборува дома пред граѓаните, друго зборува надвор, велат од СДСМ.

„Пратеникот во германскиот Бундестаг, Питер Бајер, вчера изјави дека ДПМНЕ е за промена на Уставот и дека знае со сигурност дека ДПМНЕ сака измени на Уставот.

Мицкоски пак зборува сосема спротивно од ова пред македонските граѓани, заедно со Николовски јавно велат дека се против уставните измени. Особено што ДПМНЕ е единствена партија која ги блокира уставните измени и членството во ЕУ.

На Мицкоски воопшто не може да му се верува. Едно кажува Мицкоски пред македонските граѓаните, друго кажува надвор во Европа и нема став за клучните прашања.“ – се вели во денешното соопштение на СДСМ.