МВР и сите надлежни институции ги повикуваме и очекуваме целосно да го расчистат случајот со опожареното возило на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Ристески, сторителите да бидат пронајдени и санкционирани согласно законите.

СДСМ го осудува овој криминален чин, повикува на одговорност и очекува јавноста детално да биде инфрормирана за причините, мотивите како и за сторителите, се вели во соопштението од партијата.

Доколку во ВМРО-ДПМНЕ имаат внатрешни проблеми не е начин неосновано да се обвнува било кој, како што поединци во оваа партија на чело со армискиот дезертер, Драган Ковачки го прват.

Обидите за манипулација и покажувањето со прст кон некој друг, само за дневно-политички цели, е свесна злоупотреба на случајот, а можеби и свесно погрешно наведување.

На потег се институциите, се вели во соопштението.